Амбасадорот Дејвид Гир ја посети изложбата „Future of Europe“ во East Gate Mall по повод Денот на Европа. Тој имаше можност да се запознае со 11-те протагонисти кои се изложени на столбовите во трговскиот центар и воедно ги претставуваат 11-те Европски младински цели.
Тие беа желни да ги разменат своите ставови и инспиративни приказни, да ги охрабрат младите генрарции и влеат надеж за подобро утре. Подоцна, протагонистите се сретнаа со Младите Европски Амбасадори #YEA и разговараа за можностите што ги нуди мрежата WeBalkans.