Uncategorized @mk Archives - Page 2 of 2 - Europe House

Преспанскиот регион – ренесанса на духот

Ресен град помеѓу Преспанското и Охридското езеро, каде почнуваш да го насетуваш мирисот на медитеранот со сите свои колоритни пејзажи. Ресен опколен од спокојот на водата и вкусот на сочните јаболка е приказна за сите сетила која нè враќа кон себе, кон ренесансата на духот.

Ресен е мало и шармантно гратче, но со значајни културни одбележја, како што е Културниот дом „Драги Тозија“, кој бил изграден од 1905 – 1912 година како сарај на бегот Ахмед Нијази-бег, еден од водачите на младотурската револуција. Во неа денес се наоѓа Ресенската керамичка колонија, дом за многу светски познати грнчари, како и постојаната поставка на делата на македонската сликарка Кераца Висулчева. Со архитектурата, сарајот одзема здив, а ресенчани прават сè за да му се спротивстават на забот на времето кој остава траги. Заминувате од сарајот и размислувате колку сме богати со културно наследство, за кое малкумина знаат и дел од нив многу достоинствено го чуваат.

Напуштајќи го Ресен, по пат опколен со сите бои на палетата од флората која те опкружува, се отвора стаклен хоризонт на одразот од облаците во Преспанското езеро. Оттука започнувате да го храните духот со сите убавини на природата.

Прва постојка – село Курбиново, црква Св. Ѓорѓија, 12 век. најпознат по т.н Ангелот од Курбиново. Стилот на уметникот зад фреските, кон крајот на XII век ќе биде пренесен и употребен во катедралите во градовите од италијанскиот регион Тоскана, каде што подоцна, врз основа на овој тип на фреско-сликарство, ќе се развие и светски познатата италијанска ренесанса. – Приказна која ја знаат мештаните, а ние имавме среќа да ни ја раскаже еден од нив. Недалеку подолу бевме срдечно поздравени и од трло кози, кои беа многу љубопитни околу нашиот фотографски објектив. Па, многу вешто го „украдоа“ сето внимание и за брзо тие станаа ѕвезди на нашето патување.

Следна постојка – село Љубојно. Љубојно нè шармираше уште кога ги дознавме легендите за името на селото. Првата е Шекспировска Ромео и Јулија, но со среќен крај: Лошите меѓусоседски односи на жителите од две населби, не им дозволиле на момчето и девојката кои се заљубиле да ја остварат својата љубов, па тие побегнале и создале своја населба која ја нарекле Љубојно. А, второто предание е за првонаселената меанџика Љуба, која точела многу убаво вино. Кога муштериите влегувале во меаната гласно велеле „Љубо, вино“. Денес, Љубојно е село со архитектура за восхит, со неколку околни манастири и го има на дланка Преспанското езеро.

Низ овие места се чини времето како да застанало, но за посетителите времето летнува. И додека ги средувате впечатоците, овие тивки места, незабележително оставаат длабока трага во духот и повикуваат на акција за освестување за тоа колку многу сме богати!

Како што би рекол нашиот Горан Стефановски:

„Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас.“

*Посетата на Преспанскиот регион беше во склоп на EУ со Тебе во Ресен.

Една од три – дискусија во Europe House Струмица како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“

🟠Во текот на кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, во Europe House Струмица се одржа дискусија насловена “Една од три” на која главната тема беше сексуалното насилство врз жените.
Зборувавме за што е всушност сексуално насилство, неговите форми, влијанието на менталното здравје и што може ние да сториме за да го искорениме. На дискусијата беа презентирани одговорите од претходно спроведената анкета “Не повеќе!” и исто така ја дискутиравме изложбата “Се гледаш ли меѓу редовите?”

Европска недела на мобилност

Во повеќе општини во државата, како и низ цела Европа, почна одбележувањето на Европската недела на мобилност ЕНМ (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.

Изборот на овогодишното мото се рефлектира од тешкотиите со кои се соочија Европа и Светот во екот на светската КОВИД-19 пандемија, меѓутоа истовремено се праќа апел за позитивни промени со кои Европа ќе се избори со се уште присутната здравствена криза.

Започнете со нови здрави навики и промовирајте ги многуте придобивки од активното патување.
Ги предизвикуваме сите ученици да ни се приклучат во #ridetoschool иницијативата и патуваат активно во училиште. Како❓
Од 17 до 30 септември 🚲🛴🛹🚶‍♀️со вашиот велосипед, скутер, скејт, па дури и ако пешачете до училиште, фотографирајте 🤳 и означете нѐ на Инстаграм 
Subscribe To our newsletter!