Вчера се одржа четвртата дебата во рамките на изложбата поставена во Резиденцијата на „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не„. Овој пат, инспирација беа делата на Маја Кировска и биодиверзитетот – колку секој од нас придонесува кон заштита на разновидноста и како економскиот развој влијае врз заштитата на животната средина?
Биодиверзитетот е несомнен дел од Европскиот Зелен договор кој поттикнува на „враќање кон основите„ при соочувањето со предизвиците за биодиверзитетот наметнати од модерниот начин на живеење.