Екологијата мора да стане дел од формалниот образовен систем, да се поттикнат младите и вклучат во еко-активизмот, да се изнајдат решенија за заштита на животната средина и доближиме до Европскиот зелен договор.
Ова беа дел од темите на завршната конференција „Здружено за поздравa животна средина“ во која средношколци и претставници на граѓански организации изминативе две години заеднички работеа на иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми.
На конференцијата присуствуваше Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегацијата на , наведувајќи дека Европската Унија ќе помогне гласот на младите да биде чуен.