Дина Јашари е млада пејачка што создава музика и студира пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
До сега ги има објавено песните: Последна минута, Зборови, Бои и Копнежи, а го најавува своето прво EP издание насловено ,,Дома”. Повеќето од песните се продуцирани заедно со Драги Иванов.
Нејзина главна цел е да создава и изведува нова, свежа македонска музика.
Оваа година заедно со својот бенд настапи на неколку фестивали во : Земјотрес, Today it’s all about jazz, Cinedays (CinEmusic), The Park Festival (Gostivar) и на Оревче, на настанот ,,30 години независна музичка сцена”.