„Апотеоза на трудот“ – познатиот мозаик на уметникот Лазар Личеноски го слави развојот на трудот и хуманоста. ЧЕСТИТ ТРУД НИЗ ВЕКОВИ СОЗДАДЕ КУЛТУРИ И ЦИВИЛИЗАЦИИ И ДОСТОИНСТВО НА ВИСТИНСКИ ЧОВЕК, е основната порака на ова дело кое го претставува и животното мото на Личеноски.
Инспирирани од идејата зад неговото дело ги повикуваме уметниците на територија на Република Северна Македонија да создадат своевидна дигитална екстензија на муралот на Личеноски ,,Апотеоза на трудот”, користејќи дигитални алатки, што подразбира:
- Ново дигитално дело кое ќе ја продолжи низата на мозаикот – која завршува со приказот на жената означувајќи го 20-от век – со свое видување на продолжението на развојот на трудот денес.
Детали за мозаикот „Апотеоза на трудот“.
Технички барања:
- Секој учесник може да учествува во повикот со поднесување на 1 или најмногу 3 идејни решенија.
- Илустрациите потребно е да бидат доставени во и PNG. формат. Документот да не биде поголем од 10MB.
- Илустрациите да бидат хоризонтален формат (landscape).
- Именувани со име и презиме или прекар на уметникот
- Кус опис на делото
- Да бидат испратени на euhinfo@euhouse.mk најдоцна до 27.11.2022, 23:59ч. E-mail Subject: Apotheosis of Labour – Име и презиме / прекар на уметникот
Одбраните креативни решенија ќе бидат дел од тематскиот календар на Europe House 2023 година за што ќе следува финансиски надоместок. Одбраните автори исто така ќе добијат промоција на социјалните медиуми на Europe House, на веб портали и на платформата ЕУ за Култура.
Пристигнатите креативни решенија ќе бидат разгледувани од страна на стручна комисија формирана за овој отворен повик, која ќе биде составена од: Зоран Кардула, илустратор и дизајнер; член од тимот на Europe House; член од Делегацијата на ЕУ.
Europe House го задржува правото на избор кои од пристигнатите креативни решенија би биле застапени во календарот, во каков облик и во колкав дел. Europe House го задржува правото и да ги добие избраните дела како посебни графички елементи во графичката форма: .ai, кои подоцна може да подлежат на адаптација за креирање на Europe House календар за 2023 година. Europe House го задржува и правото избраните дела/ креативни решенија да ги користи за потребите на своите социјални медиуми.
Во духот на целата роденденска програма која ја посветуваме на ликот и делото на Личеноски, имаме за цел, културното наследство на Лазар Личеноски да го пренесеме на младите генерации и да им отстапиме простор да продолжат, пронаоѓајќи нови начини и користејќи ги ресурсите на дигиталниот свет со кој располагаме во современото општество.