Во Europe House Струмица беше отворена изложбата на автопортрети ,,Човек неусетно се троши” на уметникот Тони Попов.
Изложбата ја организира здружението за култура „Транзен“. Тони Попов е уметник што твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Во јули 2020 година, во Охрид, Попов ја започна летната сликарска школа за деца „Пробај уметност“, а од минатата година е член на ДЛУБ.