Делегацијата на ЕУ организираше акција за чистење на Главната Пошта, објект кој минатиот месец беше ставен на листата на 7 најзагрозени културни наследства во Европа.
Амбасадорот Дејвид Гир заедно со министерот Нуредини и амбасадорите на Австрија, Хрватска, Франција, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Романија, Чешка и Шведска испратија порака дека апсолутен императив е заштита на животната средина и на културното наследство.