Fließgewässer музичка изведба во Europe House Крива Паланка - Europe House

20 Мај

BACK

Fließgewässer музичка изведба во Europe House Крива Паланка

Дел од атмосферата од минато-неделниот перформанс на талентираниот уметникот од Германија кој живее и твори во Барселона,Шпанија – Fließgewässer.

Fließgewässer е електро-акустичен и амбиентален музичар.
Во своите настапи ги користи турскиот жичан инструмент саз (баглама), флејтата и мелодиката, и на тој начин допира и во фолк музиката. Исто така, користи и акустични и електронски инструменти. Во својата уметност тој користи и различни видови на светлина кои во комбинација со музичките тонови добиваат тотално нова димензија. Неговата музика се граничи со науката и истражувањето на нови тонови.

Навистина едно прекрасно ново музичко искуство за сите присутни кои беа дел од овој настан во Europe House Крива Паланка!

Subscribe To our newsletter!