„И јас сум тука“ (Крива Паланка) - Europe House

29 Ное

BACK

„И јас сум тука“ (Крива Паланка)

Europe House Крива Паланка го посвети денот на инклузивноста и создавањето на подобри услови за прогрес на секој посединец во општеството!
Беше поставена изложбата „И јас сум тука“ на Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска, композиција од фотопортрети на 20 лица со попреченост на различна возраст од целата земја, придружени од уникатните приказни на учесниците.  Се одржа и промоција на истоимената книгата, „И јас сум тука“, во која се сместени приказните на сите учесници, како и македонски превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот за лица со попреченост „Глада Худик“ од Шведска.
Изложбата беше проследена со проекција на шведскиот документарен филм „Модна ревија: од Глада Худик до Њујорк“ во режија на Јохан Скот, кој раскажува за остварувањето на животниот сон на актерите од „Глада Худик“ да учествуваат на модната ревија во Њујорк🙌.
Subscribe To our newsletter!