ЕУ со Тебе (Кавадарци) - Europe House

5 Окт

BACK

ЕУ со Тебе (Кавадарци)

Со почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, Делегацијата на ЕУ започнува и со посети низ македонските општини и средби со граѓаните. Целта е да воспоставиме дијалог и да одговориме на сите прашања поврзани со идните чекори во пристапниот процес.

Прва во серијата посети на Амбасадорот Дејвид Гир беше во Кавадарци и започна со средба со Градоначалникот Митко Јанчев, како и со членовите на Советот на општината. Прошетката низ Кавадарци неизбежно помина во друштво на градската икона Борче Стаменов, Европеец на годината за 2021 година како и Ѓорѓи Ристов, Млад Европски Амбасадор.

По врвното кулинарско искуство подготвено од женското здружение „Вешти жени“, попладнето го поминавме заедно со претставниците на граѓанските организации и со самите кавадарчани во разговор за влијанието на пристапниот процес и членството во ЕУ врз секојдневниот живот на граѓаните.

Subscribe To our newsletter!