Булингот (меѓуврсничкото насилство) и Менталното Здравје кај младите - Europe House

29 Сеп

BACK

Булингот (меѓуврсничкото насилство) и Менталното Здравје кај младите

Младите мора да се свесни за тоа како нивното ментално здравје влијае на нивниот секојдневен живот и како да се соочат со булингот (меѓуврсничкото насилство).
Вчера, на инцијатива на студентот Берин Мухамед, заедно со Младите Можат – Youth Can во СУГС Гимназија Зеф Љуш Марку (Zef Lush Marku – Zyrtar), Скопје се одржа работилница на тема „Булинг-негативен изглед на современиот живот“.
Студентите од прва и втора година имаа можност да дебатираат на тема булинг и ментално здравје и да дадат сопствени мислења од перспектива на жртва и насилник.
Оваа работилница е само првиот дел од серијата други активности што ќе се одржат во наредните недели.🆒
Дополнително, во просториите на Europe House Skopje, Сојуз на средношколци на РСМ – Unioni i Nxënësve të Shkollave të Mesme , Youth Empowerment Association – YEA и Институтот за демократија, човекови права и дигнитет потпишаа Меморандум за соработка.🤝Во претстојниот период, трите организации ќе работат на проект и кампања против булингот (меѓуврсничко насилство) во средните училишта, а ќе се опфатат и менталното здравје и оптимизација на моделот на работа на стручните служби.
Subscribe To our newsletter!