„Скопје на новата генерација“ - Кеј „Димитар Влахов“ на реката Вардар (од зградата на МАНУ до бензинската пумпа на „Макпетрол“) - Europe House

5 Дек

BACK

„Скопје на новата генерација“ – Кеј „Димитар Влахов“ на реката Вардар (од зградата на МАНУ до бензинската пумпа на „Макпетрол“)

Автор: Горјан Поп Стефанија

Локација – Kej „Димитар Влахов“ на реката Вардар (од зградата на МАНУ до бензинската пумпа на „Макпетрол“)

 

Авторско образложение:

На локацијата на кејот “Димитар Влахов” на реката Вардар веднаш пред Младинскиот Културен Центар – МКЦ, направено е идејно решение за оживување на кејот. При собири и настани во Младинскиот центарот, дел од публиката, за одмор се насочува кон работ на подпорниот ѕид што претставува бариера од улицата и младинскиот центар со кејот. За да се пристапи до работ, се поминува низ неосветлена зелена површина која воедно и не е одржувана.

Со новото идејно решение се поставува директна врска со Младинскиот центар и кејот на Вардар. Освен ново проектираната врска, замислен е и мултифункционален простор за седење во вид на амфитатар и павилјон, каде просторот би имал флексибилна и секојдневна намена, одвивање на настан, изложби, мали концерти, собири, отворено кино, место за одмор и рекреација за посетители и туристи.

Слични функции се поставени по цела должина на кејот на Вардар, кои предходно биле не одржувани, или не фрекфентни, до нивна комплетна реставрација, а со тоа воедно и оживување на духот на кејот.

 

Subscribe To our newsletter!