Минатата недела во Europe House Strumica заедно со Period. The Menstrual Movement – Skopje се одржа работилница со наслов „Менструална правда“.
Учесниците имаа можност да се запознаат со видовите на менструални производи како и концептите на менструална стигма и менструална сиромаштија. Воедно, беа презентирани и наодите од од сеопфатната студија за пристапот до менструална хигиена во – Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките.
#WomanPower