Започна Програмата од официјалното отворање на Europe House Струга со посета на Музејот на природата
ПРЕКУ ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА “ДЕНОТ НА ЕВРОПА”, ЈУРОП ХАУС И ОФИЦИЈАЛНО ГО ОТВОРИ НОВИОТ ПРОСТОР ВО СТРУГА
Вториот дел од Програмата од официјалото отворање на Europe House Struga беше предвиден за посета на Музејот на природата Др. Никола Незлобински“, каде што пред амбасасорот Дејвид Гир беше претставен муралот „Симбиози“. Муралот е исцртан од страна на истакнати уметници од градот а со поддршка на Europe House Struga, и истиот се наоѓа на самата фасада на музејот. Овој мурал ја симболизира поврзаноста помеѓу човекот и природата и даде посебен акцент на одбележувањето на денот на биодиверзитетот. Потоа, следеше посета на Музејот, кој што е единствен во регионот со вредна колекција која ги чува тајните на охридско-струшката природа.