Европски денови на културното наследство со Europe House Крива Паланка - Europe House

22 Сеп

BACK

Европски денови на културното наследство со Europe House Крива Паланка

Музиката е пулсот на секоја култура и најсилна алатка која пренесува приказни низ генерации, таа го чува културното наследство за идните поколенија.
„Кривопаланечки старогратски песни“ е првото печатено издание на збирка староградски песни која сведочи за традицијата, културата и наследството на приказните пеени во паланечкиот регион.
Таа вклучува 17 автентични песни со текст, нотен запис и фотографии кои сведочат за историјата и растежот на КУД „8-ми Октомври“ и КУЗ „Распеани паланчани“ кои веќе 50 децении ја негуваат староградската музичка традиција. Издавач на книгата е Општина Крива Паланка, уредувана е од страна на Филип Додевски и Драган Величковски, а осврт на кривопаланечката традиција и естетска анализа на песните дава д-р Јордан Михајловски.
Песната живее само тогаш кога се пее…
Subscribe To our newsletter!