Во соработка со Europe House, студиата КЕНШО, FLOW и Aerial Movement Academy ги отвораат своите врати за оние кои сакаат да се запознаат со различни типови на јога.
Суштината на јогата е рамнотежата помеѓу умот, телото и светот околу. Доколку сакаш да пробаш нови вежби за балансирање, овој 21 јуни можеш тоа да го направиш на бесплатен час. Пријави се на една од понудените локации во терминот кој најмногу ти одговара.
Kensho -Mind Hub / ул. Никола Русинкски 21 (помеѓу Тинекс и Сидро 2 во близина на Сити мол)
– Тип на јога: Vinyasa gentle yoga flow /погодна за почетници
Датум: 21 јуни / вторник
Време: 8:00 – 9:00 ч
Flow Studio / Улица Крчин 6б – стан 9
– Тип на јога: Hatha vinyasa/погодна за почетници
Датум: 21 јуни / вторник
Време: 16h – 17h
Aerial Movement Academy/ СУГС „Орце Николов“, на Булевар Илинден бб
– Тип на јога: Yoga вежби со воздушни акробации на платно./погодна за почетници
Датум: 21 јуни / вторник
Време: 19:00 – 20:00
Секое студио има капацитет од група до 10 лица.
Можете да се пријавите на следниот е-маил euinfo@euhouse.mk најдоцна до понеделник 16:00 часот.
Потребни информации за успешно пријавување:
Име и Презиме
Е-маил
Телефонски број за контакт
Студио и време