Работилница за книжевен превод од романски и словенечки со Лидија Димковска - Europe House

Работилница за книжевен превод од романски и словенечки со Лидија Димковска

Date and time: август 18, 2022

View More
Во рамки на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ ве покануваме на работилница за книжевен превод на словенечки и романски јазик во Europe House Скопје.
Работилницата ќе ја води Лидија Димковска, добитничка на Европската награда за литература, авторка на бројни романи и збирки поезија, како и преведувач од романски и словенечки.
Гостин на работилницата ќе биде Владимир Мартиновски, амбасадор на наградата за најдобар млад преведувач Вавилон, професор, писател, преведувач.
Работилницата ќе содржи кус теоретски дел со акцент на најчестите грешки при книжевното преведување, преведувањето деминутиви, идиоми и други карактеристични зборови и синтагми, на преведувањето култури, на сличностите/разликите меѓу изворниот и целниот јазик и сл.), потоа ќе следува работа врз конкретни текстови (индивидуално и споредбено во групи), претставување на преводот, анализа на преводите, дискусија и консултации.
18.08.2022 од 10:00-13:00ч. во Europe House Скопје.
Сите заинтересирани може да се пријават најдоцна до 17.08.2022 на:  euinfo@euhouse.mk
Subscribe To our newsletter!