Во склоп на 4 роденден на Europe House Skopje организиравме архитектонската работилница за деца.
Најмладите се запознаа за четирите значајни скопски музеи, – Музеј на град Скопје, Даут-пашин амам, Музеј на современата уметност и Музеј на Македонија и како овие културни институции ја негуваат историјата и уметноста.
Љубопитни, тие се охрабрија да создадат свои минијатурни архитектонски ремек-дела под менторство на архитектите Маргарита Поповска, Милка Черепналковска, Маја Доновски Лукаревска и Мартина Петковска.
За крај, на забавен и интерактивен начин, користејќи разни техники – колажи, цртежи и макети го прикажаа своето решение на поставената задача.