Апотеоза на трудот“ – познатиот мозаик на уметникот Лазар Личеноски го слави развојот на трудот и хуманоста. ЧЕСТИТ ТРУД НИЗ ВЕКОВИ СОЗДАДЕ КУЛТУРИ И ЦИВИЛИЗАЦИИ И ДОСТОИНСТВО НА ВИСТИНСКИ ЧОВЕК, е основната порака на ова дело кое го претставува и животното мото на Личеноски.
Инспирирани од идејата зад неговото дело ги повикавме уметниците да создадат своевидна дигитална екстензија на муралот на Личеноски ,,Апотеоза на трудот”, користејќи дигитални алатки, што подразбира:
- Ново дигитално дело кое ќе ја продолжи низата на мозаикот – која завршува со приказот на жената означувајќи го 20-от век – со свое видување на продолжението на развојот на трудот денес.
Комисијата составена од Зоран Кардула, претставник на Europe House и претставник на Делегацијата на ЕУ за избор на победничкото дело од 7 пристигнати апликации, го одбра делото на Христина Ѓоргиевска.
Победничкото дело ќе биде наградено со 500ЕУР награда. И ќе биде дел од календарот за 2023 година на Europe House.
* Europe House го задржува правото на избор кои од пристигнатите креативни решенија би биле застапени во календарот, во каков облик и во колкав дел. Europe House го задржува правото и да ги добие избраните дела како посебни графички елементи во графичката форма: .ai, кои подоцна може да подлежат на адаптација за креирање на Europe House календар за 2023 година. Europe House го задржува и правото избраните дела/ креативни решенија да ги користи за потребите на своите социјални медиуми.