Oдбележан Европскиот ден за подигнување на свеста за цистична фиброза во Europe House Skopje
Денес, во Europe House Skopje беше одбележан Европскиот ден за подигнување на свеста за цистична фиброза.
Амбасадорот Дејвид Гир и Г-ѓа Elizabeta Gjorgievska ги слушнаа искуствата на докторите, семејствата и луѓето кои живеат со цистична фиброза. Напорите кои ги вложува Здружение за Цистична Фиброза(ЦФ) кон подобрување на третманот и квалитетот на живот, се неверојатни. Нивната борба е борба на секој од нас. Тие се вистинска инспирација!