Europe House Струмица и Паб Квиз Енигматик Ве покануваат на Квиз дружење.
Темата на првиот квиз ќе биде ОПШТА КУЛТУРА. Многу прашања и многу категории: Историја, Географија, Филм, Музика, Спорт, Литература и др.
Користење на мобилни телефони не е дозволено. Целта е да ги размрдаме нашите глави и да го извадиме знаењето кое не сме ни свесни дека го имаме.
За најдобрата екипа следува симболична награда. Ако сакате да избегате од секојдневието и да поминете 2 часа во прекрасна атмосфера и натпреварувачки дух, придружете ни се.