EU Embassy events Archives - Europe House

Гала филмска вечер | Изгубени илузии (Француски институт Скопје)

ГАЛА ФИЛМСКА ВЕЧЕР
„ИЗГУБЕНИ ИЛУЗИИ“
на Гзавие Џаноли (2021)
со Бенжамен Воазен, Сесил де Франс, Венсан Лакост

Екранизација на славниот роман на Оноре де Балзак

Овој одличен филм на Гзавие Џаноли доби 7 Цезари за 2022 од кои и Цезар за најдобар филм

Ве молиме да резервирате бесплатни билети во Францускиот институт во Скопје на следната мејл адреса: culture@ifs.mk

Со превод на македонски јазик

Критики:

„Приказ на темната страна на Балзаковата фреска, но и на потеклото на денешните капиталистички општества.“ Телерама
„Колку верен на оригиналното дело, толку свој и современ.“ Л’Обс
„Гзавие Џаноли одлично одговара на предизвикот: да го исчисти правот од Oноре без младешки претерувања, но и да го прилагоди Балзак на филм без да му ја продаде душата.“ Пари-Мач

Повеќе за настанот >>

Гала новогодишен концерт (Филхармонија)

ИСТОК – Гала новогодишен концерт

Диригент: Мириан Кукунаишвили (Грузија)
Солисти: Милена Арсовска – сопран(Р.С.Македонија/Австрија)
Иван Наумовски – баритон(Р.С.Македонија/Австрија)

Програма:
П.И. Чајковски : „Валцерот на цвеќињата“
Ј. Штраус II: „Мојот господар Маркиз“ арија од операта „Лилјакот“– сопран соло: Милена Арсовска
Ј. Штраус II: „Рози од југот“
Ц. Милокер:„Темно црвени рози“ – баритон соло: Иван Наумовски
Ј. Штраус II: „Виенска крв“ – дует: Милена Арсовска и Иван Наумовски
Ј. Тирсен: „Валцерот на Амелија“
E. Дога: „Грамофон валс“
А. Шнитке: „Валцер за збогување“ од симфониската поема „Приказна на непознатиот актер“
Р. Столц: „Се заљубив илјада пати“ – баритон соло: Иван Наумовски
Д. Шостакович: „Валцер“ бр. 2
A. Хачатуријан: „Маскарада валс“
Ф. Лехар: „Моите усни бакнуваат топло“ – сопран соло: Милена Арсовска
Ф. Лехар: „Тивки усни“ – дует: Милена Арсовска и Иван Наумовски
Х.К. Лумбије: „Шампањ галоп“

Проекција и дискусија за документарниот филм 𝐀𝐒 𝐈 𝐖𝐀𝐍𝐓 на Самахер Алкади

🟠🟠 Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија Ве покануваат на проекција на документарецот 𝐀𝐒 𝐈 𝐖𝐀𝐍𝐓 на режисерката Самахер Алкади на 15-ти декември во 19:00 во Europe House Skopje.

🟠🟠 𝐀𝐒 𝐈 𝐖𝐀𝐍𝐓 е документарен филм за низата сексуални напади кои се случуваат во Каиро, на плоштадот Тахрир на 25 јануари 2013 година, на денот на втората годишнина од револуцијата.

Како одговор на овие сексуални напади, огромна толпа гневни жени излегоа на улиците, а Алкади им се придружува, земајќи ја нејзината камера со себе како заштита, но и за документирање на протестите на растечкиот женски бунт. Сето ова е испреплетено со нејзината лична приказна, нејзиното забременување и односот со нејзината почината мајка.

𝐀𝐒 𝐈 𝐖𝐀𝐍𝐓 е клучен, тежок политички документ, есеистички филм и патување навнатре во кое индивидуалната еманципација е поврзана со колективниот процес на ослободување во арапскиот свет.

🟠🟠 По проекцијата на филмот ќе следи разговор со учесничките Албулена Карага и Мерсиха Смаиловиќ модериран од страна на Ана Василева. Разговорот ќе е отворен за учество на сите присутни.

🟠 Албулена Карага е феминистка и мировна активистка. Работи на полето на изградба на мир, мировно образование, соочување со минатото и родова правда. Верува силно во моќта на образованието за општествена промена. Има завршено додипломски студии за Политички студии и меѓународни односи и постдипломски студии за Мир и трансформација на конфликти.

🟠 Мерсиха Смаиловиќ е активистка за човекови права и претседателка на НВО ЛЕГИС Скопје. Мерсиха е активна на полето на застапување за правата на бегалците и мигрантите, дискриминацијата, исламофобијата, родовата еднаквост и борбата против говорот на омраза. Таа е активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.

🟠 Ана Василева, феминистка и активистка за женски права, работи како преведувачка и толкувачка, коавторка на иницијативата за женска усна историја ПичПрич. Активно се залага за подигнување на јавната свест во врска со родовите прашања и промовирање политики на солидарност и колективна одговорност.

СРЕДБА СО ДИНА ДУМА И ТЕРЕЗА ЛАЗАРЕВА

Средба со две млади уметници по нивниот престој во ФранцијаR

Дина Дума, режисерка, и Тереза Лазарева, танчарка

 

Вторник 25 октомври 2022, 17 часот | Француски институт во Скопје

Дина Дума, млада режисерка и наградена авторка на филмот „Сестри“, на нејзино големо задоволство, престојуваше во Франција, на резиденција за пишување на филм, којшто го доби како награда од Канскиот филмски фестивал.

 

Тереза Лазарева е млада уметница и танчарка, којашто беше избрана во рамките на „Театроскоп“, регионален проект за соработка на полето на сценските уметности помеѓу Франција и земјите од Југоисточна Европа, а зеде учество во обуката Кампинг 2022, а организирана од Националниот центар за танц на Франција.

 

Овие две уметници со нас ќе го споделат искуството и ќе разговараат со присутната публика.

Macedonian dads photo exhibition by Swedish embassy

We strongly believe that only when there is [gender] equality, both the individuals and the society can flourish.

Fathers play an indispensable role.

Tomorrow’s event at Europe House Skopje is dedicated to all fathers in North Macedonia.

The exhibition “Macedonian Dads” will be displayed and the three winning photos, based on the popular vote, your vote, will be awarded followed by a discussion over fika on parental leave and the role of the father.

May be an image of text that says "Sweden Sverige Macedonian DADS photo exhibition Award ceremony 18:00-18:30 Welcome Opportunity to view the exhibition 18:30 Opening remarks 19:00 Presentation of the awards 19:20 Let'sTalk About: Parental Leave and the Role of the Father 20:00 Discussion continues over fika 20:30 End of programme"

Photo exhibition by Karolina Dimovska at French Institute in Skopje

New window exhibition at the French Institute in Skopje!

Photos on the topic “I AM A FRENCH LANGUAGE PROFESSOR. WHAT IS YOUR SUPER-POWER?” 🇫🇷 by Karolina Dimovska, French teacher and photographer.

You are invited on Wednesday, October 19, 5 pm, at the premises of the French Institute in Skopje.

German film days

The German Embassy, ​​together with the Kinoteka Skopje, the Center for Balkan Cooperation Loja in Tetovo and the Europe House in Strumica and Kriva Palanka, invites you to Days of German Film.

The film days will open on October 15 at 8:00 p.m. in the Kinoteka in Skopje with the film “I am your human”.

The complete program can be found under the following link: https://skopje.diplo.de/mk-de/aktuelles/-/2557640

„Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“.

По повод осумнаесеттото издание на Италијанскиот ден на современата уметност ( 8 октомври 2022), Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот Институт за култура во Белград Istituto Italiano di Cultura in Belgrado, во соработка со Музејот за современа уметност во Скопје, организираат уметничка изложба под наслов „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“.

Изложбата на овој иновативен уметнички проект на италијанските уметници Antonio Massarutto Антонио Масаруто и Roberto Ghezzi Роберто Геци, во курaторство на Bojana Janeva и Davide Silvioli, претставува еден вид на заокружување на нивното современо уметничко истражување реализирано во месец април 2022 година, на падините на новосоздадениот Национален парк Шар Планина, проследено исто така и од локалните студенти од катедрата за уметност и дизајн при универзитетот во Тетово.

Проектот исклучиво третира прашања поврзани со животната средина, имајќи за цел да ја стимулира јавната свест за важноста на природното наследство на Северна Македонија како и да ја истакне уметничката вредност на нејзиниот биодиверзитет, особено по формирањето на овој нов национален парк, кој патем ја зголемува целосната површина на заштитено подрачје до 14 отсто.

Инаугурацијата на оваа уникатна уметничка колекција ќе се одржи во сабота, 8 октомври 2022 година, во 12.00 часот, во просториите на Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje.
Уметничките дела ќе бидат изложени до 26 октомври 2022 година, во првата изложбена сала, а потоа некои од нив ќе бидат донирани на Музејот (кој веќе вбројува значајна донација на италијански современи уметнички дела) како и на институциите вклучени во проектот. Некои од инсталациите ќе бидат оставени на самиот терен каде што биле создадени (Шар планина), како симбол на логичко затворање на природниот круг.

Изложбата е организирана со поддршка на Министерство за култура / Ministria e Kulturës и Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање на Република Северна Македонија, а во соработка исто така и со Националниот парк Шар Планина, Планинарскиот клуб Љуботен и Македонското еколошко друштво.

Subscribe To our newsletter!