Марија Трпеска дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје 2017та.
Нејзината прва самостојна изложба ја реализира во 2018та со наслов “Слободен Влез – Free Entry”, учествува на повеќе групни изложби и е организатор на две групни изложби од кои последната е “Одбиенале 2021”. Нејзината уметничка работа се одликува со обработување на социјални теми, ликовни проекти кои се однесуваат на портретирање на личности кои на некаков начин се поврзани со уметноста, а истовремено се маргинализирани од општеството. Работејќи со нив, преку нејзините дела им дава значење потенцирајки ја нивната уникатност, важност и улога како во општеството така и во нејзиниот креативен процес и себеидентификување како ликовен автор.